ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ТРОЈЦА МЕНТОРИ

  Понеделник, 26.08.2019 година

Банка за храна МК во рамки на проектот ВСС ЕФЕКТ, финансиран од Европска унија, распишува јавен повик за избор на тројца ментори, и тоа:

  • Еден ментор за стратешко планирање;
  • Еден ментор за комуникација и видливост (традиционални и социјални медиуми) и.
  • Еден ментор за мониторинг во заедницата и социјална ревизија.

Од јануари 2018 година, Банка за храна МК заедно со Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ – Словенечка Банка за храна и Европска федерација на Банки за храна – ФЕБА го спроведуваат ВСС Ефект проектот кој, меѓудругото цели да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации од неформалната мрежа – Коалиција против гладот и фрлањето храна. Во текот на проектот, организирани беа обуки, настани за вмрежување и учење и беа доделени 60.000 евра за реализација на 10 мали локални акции во најмалку десет општини. Десетте грантисти и нивните партнери се лоцирани и ќе спроведуваат активности во најмалку 10 општини во државата и тоа, Скопје, Велес, Куманово, Свети Николе, Гостивар, Тетово, Битола, Кочани, Кавадарци, Делчево.

I. Општа улога

Менторите се ангажираат со цел да ги зајакнат капацитетите на 18. организации од неформалната Коалиција за борба против гладот и фрлањето храна. Нивната улога е да го споделат своето знаење и професионално искуство со 10. грантисти (граѓански организации) и нивните партнери. Истите треба да им помогнат на грантистите и нивните партнери во планирање на нивните проектни активности, како и да им помогнат за успешна имплементација на малите локални акции против против фрлање храна.

II. Обврски

  • Работат со тимот на Банка за храна и ВСС Ефект проектот заради идентификување и адресирање на потребите за развој на капацитетите на поединечните организации.
  • Одржуваат континуирана комуникација со поединечните организации.
  • Одговараат на прашања поставени од поединечните организации.
  • Им помагаат во изготвување на акциски планови, прашалници, развој на методологии и/или друга документација неопходна за планирање и спроедување на проектните активности.
  • Ги посетуваат организациите заради поблиско запознавање со нивните тимови, нивните потреби и проблеми околу спроведување на проектите и сл.

III. Критериуми

  • Кандидатот треба да има завршено соодветно образование и стекната диполома во релевантна област,
  • Да има најмалку 3 годишно работно искуство во граѓанско општество,
  • Да има најмалку 2 годишно работно искуство во одржување обуки, едукации, консултирање во соодветната област,
  • Да имаат спроведено најмалку две обуки на темата за која се пријавува,
  • Да поседува одлични комуникациски и презентациски вештини.
  • Да е запознен/а со работата на Банка за храна МК и Коалицијата, односно, организациите грантисти и нивните партнери.

Рок за пријавување: 02.09.2019 година

Заинтересираните кандидати треба да испратат:

  • Kратка биографија
  • Кратко писмо за интерес со напомена за која од трите позиции се пријавуваат

Дополнително, кандидатите кои ќе бидат избрани ќе треба да изготват краток предлог план за организирање на менторство, како и да достават извештај за завршена работа. Ангажманот на тројцата ментори е краткорочен со предвидено времетраење од не помалку од 4 работни денови кои, ќе бидат организирани според меѓусебна коорди нација со сите инволвирани страни.

Документите треба да бидат испратени на: stojne@wsseffectmk.org, contact@wsseffectmk.org и bankazahranamk@gmail.com

За дополнителни прашања обратете се на WSS Effect тимот.

Изборот на ментори ќе се изврши на почетокот на септември 2019 година.

 

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt