ПРОМЕНА НА РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ПО ПОВИКОТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БАНКАРСТВОТО СО ХРАНА
На 11 март 2019 година Здружение на граѓани „Храна за сите – Банка за храна МК“ и партнерите во „ВСС Ефект“ проектот, финансиран од Европска унија, донесоа одлука за пролонгирање на крајниот рок за аплицирање по повикот за доделување на средства на граѓански здруженија од неформалната мрежа за банкарство со храна – Коалиција за борба против гладот и фрлањето храна (КПГ).
Повикот по грантот за унапредување на банкарството со храна ќе биде отворен за поканетите здруженија од неформалната мрежа до 22 март 2019 година.
Документи за аплицирање:
Прилог 1: Формулар за аплицирање
Прилог 2: Буџет
Прилог 3: Изјава на апликант
Прилог 4: Изјава од ко-апликант
За дополнителни прашања, контактирајте го тимот на: contact@wsseffectmk.org или, обратете се на заедничката контакт листата на „ВСС Ефект“ и КПГ.
—-
„ВСС Ефект“ е тригодишен проект за јакнење на капацитетите на неформалната мрежа од организации кој го спроведуваат Здружение „Банка за храна – Храна за сите МК“ (БХМК) и партнерите: Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ – Словенечка Банка за храна и Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА).