ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ХРАНА ЗА СИТЕ – БАНКА ЗА ХРАНА МК (БХМК) како имплементатор на ВСС Ефект проектот поддржан од Европската Унија спoред Договор за грант во рамки на ИПА 2016-2017 EuropeAid/155322/DD/ACT/MK  со референтен број IPA/2017/394-257 објавува:

 

ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПИСМА ЗА ИНТЕРЕС ЗА  2 (две лица) ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ИЗБОР НА ПОНУДА

 

ХРАНА ЗА СИТЕ – БАНКА ЗА ХРАНА МК (БХМК) објавува ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ на писма за интерес од страна на физички лица за учество во Комисијата за евалуација на тендерска документација и избор на понуда во рамки на ВСС Ефект проектот поддржан од Европската Унија.

Проект
„ВСС Ефект“ проектот цели да помогне во создавањето на правна рамка која ќе го овозможи и унапреди процесот на донирање и редистрибуција на донирана вишок храна од операторите за храна до крајните корисници. Проектот се фокусира на унапредување на капацитетите на локалните организации од неформалната мрежа за Банка за храна МК – Коалиција за борба против гладот и фрлањето храна, како и на подигнување на јавната свест за последиците од фрлањето храна и гладот. Проектот започна во јануари 2018 година и истиот ќе заврши во декември 2020 година. Истиот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓански организации и медиуми 2016-2017.

Право да учествуваат на овој повик имаат сите физички лица кои ги исполнуваат следните услови:

  1. Да имаат одлично познавање и разбирање на тендерските правила и процедури за набавка на добра и услуги при објава на тендерски постапки и барања
  2. Да имаат учествувано во барем 3 (три) тендерски постапки – објава и евалуација на истите
  3. Да имаат одлично познавање и разбирање во струката, познавање на бизнис секторот и работата на граѓанскиот сектор

Начин за пријавување
За пријавување за учество во повикот, сите заинтересирани лица, треба да достават:

  • Писмо за интерес со назначување во Комисијата за евалуација на тендерска документација и избор на најдобра понуда
  • Кратка биографија;
  • Референтна листа за релевантно работно искуство;
  • Изјава дека прифаќаат да бидат членови и да работат во Комисијта за евалуација на тендерска документација и избор на понуда
  • Изјава дека немаат конфликт на интерес со членовите на органите на ЗГ “Храна за сите – Банка за храна МК“ (БХМК)  при нивното членување и работење во Комисијaта за евалуација на тендерска документација и избор на понуда


Сите заинтерерсирани физички лица, своите пријави / поднесоци и потребни документи да ги пратат на е-маил адреса: bankazahranamk@gmail.com најдоцна до 9ти Септември 2020 до 17.00 часот, со назнака:

ПРИЈАВА УЧЕСТВО ВО КОМИСИЈА ЗА ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА ВО ВСС ЕФЕКТ ПРОЕКТ

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt