ОДЛОЖЕН ПОВИКОТ ЗА ИДЕИ: „КАКО ДА ЈА СПАСИМЕ ХРАНАТА ОД ФРЛАЊЕ?“
На 12 март 2020 година, тимот на WSS Effect проектот донесе едногласна одлука за одлагање на повикот за најдобри идеи на млади: „Како да ја спасиме храната од фрлање?“
Повикот беше објавен на веб и Facebook страната на проектот (линк), и истиот имаше за цел да ги вклучи младите, училиштата, градинките и факултетите во размена на идеи за поуспешно банкарството со храна и, генерално, поефикасно спасување и искористување на вишокот храна.
Одлуката за одлагање на повикот уследи по Заклучокот на Владата на РСМ од 10 март 2020 година за привремено, 14-дневно прекинување на воспистно-образовниот процес и настава во сите детски градинки, основни, средни училишта, високо-образовни установи и сл.
Повикот ќе биде повторно отворен за идеи во следниот период. Информациите за истото ќе бидат достапни на веб и Facebook страната.
Бидете во тек.
—
WSS Effect проектот е тригодишна кампања и акција на Банка за храна МК и партнерите за унапредување на банкарството со храна во земјата, подигнување на свеста на јавноста за проблемите со фрлање храна и гладот, како и потребата од закон за донирање вишок храна кој ќе поттикне повеќе донации. Проектот е финансиран од Европската Унија.