YOU GIVE THEM KNOWLEDGE, THEY GIVE YOU APPLES – WSS IN “KUZMAN JOSIFOVSKI PITU”

On December 18, 2019 – around 100 youth from IV. and V. grade were attending an interactive presentation and discussion dedicated to food banks, food waste, food safety and food security. The presentation and debate were organized by WSS coordinator, Stojne Todorovska in 4 separate classrooms in the Elementary School: “Kuzman Josifovski Pitu” in Kisela Voda, Skopje. Apart from the interesting debate and the far to many questions from the children, a small but precious donation was made by the students from IV-1 and their teacher – one full bag of apples. The apples, will be most probably used for apple pies which on New Year’s day will be donated across the city.

WSS Effect is a 3-year project funded by the European Union and implemented by Food Bank MK and its project partners, Organization of Women from Strumica, SIBAHE-Slovenian Food Bank and the European Food Banks Federation (FEBA). The campaign and action against food waste and food poverty was initiated in January 2018 and will conclude in December 2020. During this timeframe, the project team will work on raising awareness about the food waste issue in the country and in Europe via educational presentations and workshops for children and youth, and will work on creating better conditions for the food banking in the country.

На 18. декември 2019 година – дополнителни 100 ученици од IV. и V. одделение беа вклучени во 4 одделни интерактивни презентации и дискусии посветени на Банките за храна, проблемот со фрлањето храна, безбедност на храната и депривацијата во исхраната. Презентациите и дебатите беа организирани и водени од страна на координаторката на ВСС Ефект проектот, Стојне Тодоровска и администрацијана на ООУ: „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода – Скопје, каде и истите се случија. Презентациите, освен што поттикнаа интересната дебата и многубројните прашања за работата на банките за храна, за безбедноста на храната и редистрибуција на вишоците храна, истите ги инспирираа учениците од IV-1 заедно со својата учителка да донираа една полна ќеса јаболки.

ВСС Ефект е 3-годишен проект финансиран од Европската Унија и спроведуван од Банка за храна МК и партнерите, Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ-Словенечка Банка за храна и Европска Федерација на Банки за храна (ФЕБА). Кампањата и акција против фрлањето храна и депривација во исхраната беше отпочната во јануари 2018 година и истата ќе заврши во декември 2020 година. Во овој временски период, преку едукативни презентации и работилници за деца и младинци, ВСС тимот ќе работи на подигнување на свеста за проблемот со фрлањето храна во земјата и Европа. Дополнително, тимот ќе работи на создавање подобри услови за поуспешно банкарство со храна во земјата.

Recent Posts

Leave a Comment

one × 5 =

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt