WHO WANTS TO BE A PROJECT MILLIONAIRE? – INFO SESSION AND WORKSHOP

On February 8, 2018, Food Bank MK has successfully organised another capacity building training dedicated to grant-writing and to the open call for grant proposals for enhanced food banking in the country. The event which was organised in Skopje, hotel “Continental” had been attended by representatives of 18 diverse local CSOs from the informal food banking network – the Coalition against hunger and food waste.

– What is the overall objective of the “WSS Effect” Action?; What are the achievements which have not been envisioned in the application?; What are results, impacts &c. have been among the many questions which Zoran Stojkovski (ProEfekt), a prominent consultant and trainer for grant-writing and project management has posed to the participants.  Four of the participants have been awarded with a symbolic “Project Millionaire” diplomas from ProEfekt, while all participants have received even more valuable one-on-one help and support by the mentor about how to write successful grant-proposal.

This was the second workshop organised under the “WSS Effect” which is being funded by the European Union and implemented by Association “Food for all – Food Bank MK” and partners – Organisation of Women from Strumica, SIBAHE – Slovenian Food Bank and the European Food Banks Federation (FEBA). For more details regarding the grant, please visit the website here.

На 8ми февруари 2019 година, Банка за храна МК организираше уште еден успешен настан за градење на капацитетите, посветен на пишување на проектни апликации и грантот за унапредување на банкарството со храна во земјата. На настанот кој беше организиран во Скопје, во хотел „Континентал“ присуствуваа претставници на 18 организации од неформалната мрежа за банкарство со храна – Коалиција за борба против гладот и фрлањето храна.

– Која е општата цел на „ВСС Ефект“ проектот? Кои се достигнувањата на проектот кои не беа предвидени во апликацијата? Што е резултат, што ефект и сл. беа само дел од многуте прашања кои Зоран Стојковски (ПроЕфект), консултант и обучувач за пишување и менаџирање со проекти им ги постави на учесниците. Четворица од учесниците беа соодветно наградени со симболични дипломи за „Проектен милионер“, инаку изработени од ПроЕфект. Дополнително, секој од учесниците доби и далеку повредни еден-на-еден помош и консултација за тоа – како да изготват успешна апликација.

Ова беше втората работилница организирана во рамки на „ВСС Ефект“ проектот финансиран од Европска унија и спроведуван од Здружение „Храна за сите – Банка за храна МК“ и партнерите – Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ – Словенечка Банка за храна и Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА). За повеќе информации во врска со грантот, посетете ја веб страната тука.

 

Recent Posts

Leave a Comment

seventeen + 16 =

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt