IS IT OKAY TO WASTE FOOD? – NO!

On October 3rd, 2019 a  group of 40 children aged 5 have been taught about food banks and why food should not be wasted. The presentation was held in kindergarten “Raspeana mladost” in Karposh with main intention to spread the knowledge among the youngest possible children too. For that purpose, through a brief discussion as well as a coloring game which included sad-looking and crying apples, oranges, potatoes &c., children were explained why food should not be wasted and what is the purpose of the food we produce, we shop and cook. Due to the interesting and interactive presentation, the posiblity for further collaboration with the kindergarten stands.

На 3. октомври 2019 година, во рамки на својата едукативна програма, инаку наменета за децата и младите во земјата, тимот на ВСС Ефект проект гостуваше во скопската градинка „Распеана младост“ – општина Карпош. Во интерактивната презентација, учествуваа 40 деца на возраст од пет години. Главна цел на презентацијата беше да ги поттикне најмладите да зборуваат за храната, за солидарноста и хуманоста заради што и, децата преку игра со боење на тажни јаболки, портокали, компири и сл., беа поттикнати да размислуваат за тоа, зошто храната не треба да биде фрлена, туку, преку банките за храна треба да биде споделена со оние на кои им е потребна. Поради големиот интерес на децата и нивната забележителна вклученост во дискусијата, постои отворена можност соработката со градинката да продолжи.

Презентацијата беше организирана во рамки на ВСС Ефект проектот, финансиран од Европска унија и спроведуван од Банка за храна МК и партнерите: Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ – Словенечка Банка за храна и Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА).

 

Recent Posts

Leave a Comment

sixteen − eleven =

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt