ПОВИКOT ЗА ИДЕИ „КАКО ДА СЕ СПАСИ ХРАНАТА ОД ФРЛАЊЕ?“ ПОВТОРНО ОТВОРЕН

К О Н К У Р С
за најдобри идеи

На 19 ноември 2020 година, тимот на WSS Effect го објави, по втор пат, повикот за креативни идеи за тоа: „Како да се спаси храната (од фрлање)?“.

Повикот ќе биде отворен до 20 декември 2020 година, со можност на истиот да се пријават:

  • Ученици, средни и основни училишта;
  • Студенти, факултети и младински клубов;
  • Градинки.

Што треба да сторите?!

  • Контактирајте го тимот на следниот е-маил: stojne@wsseffectmk.org.
  • Пополнете ја апликацијата која ќе ви биде доставена за учество на конкурсот.
  • Испратете ја апликацијата и очекувајте повик.

Што всушност се очекува од вас?!

  1.  Размислете, кој фрла храна, која храна најчесето се фрла и зошто, како и чиј проблем би сакале да го решите:

а) проблемот со фрлање храна од домаќинствата;
б) проблемот со фрлање храна од рестораните, хотелите и сл.;
в) проблемот со супермаркетите или производствено-преработувачките погони.

2. Размислете и предложете: како заеднички да се реши проблемот и/или, раскажете за позитивни искуства кои би сакале да ги следат останатите.

За повеќе информации контактирајте го тимот.

ВСС Ефект проектот е тригодишна кампања и акција на Банка за храна МК и партнерите за унапредување на банкарството со храна во земјата, подигнување на свеста на јавноста за проблемите со фрлање храна и гладот, како и потребата од закон за донирање вишок храна кој ќе поттикне повеќе донации. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt