ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БАНКАРСТВОТО СО ХРАНА

ОГЛАСНА ТАБЛА

Со цел да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации од неформалната мрежа – Коалиција за борба против гладот и фрлањето храна (КПГ),  Здружение на граѓани „ХРАНА ЗА СИТЕ – БАНКА ЗА ХРАНА МК“ и партнерите, ги повикуваат граѓанските организации да пријават свои предлог-проекти за унапредување на банкарството со храна на локално и/или регионално ниво.

Повикот е од затворен тип и е предвиден за граѓански организации кои, во периодот на 2018 година, учествуваа во активностите на „ВСС Ефект“ – проект финансиран од Европска унија.

Предлог-проектите во рамки на овој повик треба да придонесат за постигнување на следните резултати:

  1. Подобрени практики за застапување базирано на доказ;
  2. Поголема препознатливост и видиловост на работењето на граѓанските организации во јавност;
  3. Зајакнати капацитети на граѓанските организации за комуникација и соработка со сите засегнати страни и особено со локалните бизниси, општински власти, граѓански здруженија, граѓани и крајни корисници.

Вкупен буџет наменет за овој повик изнесува 60.000 евра. Во рамки на истиот, доделени ќе бидат најмалку 6 грантови во висина од 5.000 до 10.000 евра. Финансирани ќе бидат проекти чие времетраење е од 6 до 8 месеци.

Документи за аплицирање:

Упатство за аплицирање

Прилог 1: Формулар за аплицирање

Прилог 2: Буџет

Прилог 3: Изјава на апликант

Прилог 4: Изјава од ко-апликант

Дополнителни документи, кои не треба да бидат приложени кон апликацијата, но е полезно да се разгледаат: периодичен наративен извештај и финален наративен извештај.

Краен рок за поднесување на апликациите е 15 март 2019 година до 17:00 часот.

За дополнителни прашања, контактирајте го тимот на: contact@wsseffectmk.org или, обратете се на заедничката контакт листата на „ВСС Ефект“ и КПГ.

—-

„ВСС Ефект“ е тригодишен проект за јакнење на капацитетите на неформалната мрежа од организации кој го спроведуваат Здружение „Банка за храна – Храна за сите МК“ (БХМК) и партнерите: Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ – Словенечка Банка за храна и Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА).

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt