ПРВ СОСТАНОК НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

На 12 април 2019 година во просториите на Здружение „Храна за сите – Банка за храна МК“ се одржа првиот состанок на тричлената комисијата за евалуација на предлог-проектите кои во текот на март 2019 пристигнаа до тимот на ВСС Ефект. Целта на првата средба беше да се направи административна проверка на апликациите и да се утврди дали сите апликанти ја доставиле задолжителната документација која беше посочена во упатството за аплицирање за повикот.

На првата средба на комисијата беше констатирано дека, сите десет пристигнати апликации се комплетни и дека комисијата може да продолжи со понатамошната проверка и оценување. Ранг-листата на грантисти се очекува да биде финализирана до 30 април 2019 година. За повеќе детали контактирајте го тимот.

ВСС Ефект е тригодишна кампања и акција за борба против фрлањето храна и гладот во Република Северна Македонија. Проектот е финансиран од Европска унија и истиот се имплементира од Банка за храна МК, Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ – Словенечка Банка за храна и асоцијативниот партнер Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА).

Recent Posts

Leave a Comment

3 × two =

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt