ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БАНКАРСТВОТО СО ХРАНА
ОГЛАСНА ТАБЛА
Со цел да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации од неформалната мрежа – Коалиција за борба против гладот и фрлањето храна (КПГ), Здружение на граѓани „ХРАНА ЗА СИТЕ – БАНКА ЗА ХРАНА МК“ и партнерите, ги повикуваат граѓанските организации да пријават свои предлог-проекти за унапредување на банкарството со храна на локално и/или регионално ниво.
Повикот е од затворен тип и е предвиден за граѓански организации кои, во периодот на 2018 година, учествуваа во активностите на „ВСС Ефект“ – проект финансиран од Европска унија.
Предлог-проектите во рамки на овој повик треба да придонесат за постигнување на следните резултати:
- Подобрени практики за застапување базирано на доказ;
- Поголема препознатливост и видиловост на работењето на граѓанските организации во јавност;
- Зајакнати капацитети на граѓанските организации за комуникација и соработка со сите засегнати страни и особено со локалните бизниси, општински власти, граѓански здруженија, граѓани и крајни корисници.
Вкупен буџет наменет за овој повик изнесува 60.000 евра. Во рамки на истиот, доделени ќе бидат најмалку 6 грантови во висина од 5.000 до 10.000 евра. Финансирани ќе бидат проекти чие времетраење е од 6 до 8 месеци.
Документи за аплицирање:
Прилог 1: Формулар за аплицирање
Прилог 2: Буџет
Прилог 3: Изјава на апликант
Прилог 4: Изјава од ко-апликант
Дополнителни документи, кои не треба да бидат приложени кон апликацијата, но е полезно да се разгледаат: периодичен наративен извештај и финален наративен извештај.
Краен рок за поднесување на апликациите е 15 март 2019 година до 17:00 часот.
За дополнителни прашања, контактирајте го тимот на: contact@wsseffectmk.org или, обратете се на заедничката контакт листата на „ВСС Ефект“ и КПГ.
—-
„ВСС Ефект“ е тригодишен проект за јакнење на капацитетите на неформалната мрежа од организации кој го спроведуваат Здружение „Банка за храна – Храна за сите МК“ (БХМК) и партнерите: Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ – Словенечка Банка за храна и Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА).