ОТВОРЕН ПОВИК: КАКО ДА ЈА СПАСИМЕ ХРАНАТА ОД ФРЛАЊЕ?
- Сте забележале дека во вашиот дом, градинка, училиште, кафетерија или омилен локал се фрла храна?
- Сметате дека фрлањето храна може да се избегне?
- Имате идеја како?
- Имате порака за оние кои фрлаат храна?
- Сакате да им покажете дека „на храната, местото не и е на депонија“?
- Знаете кому и како да помогнете со донирање на вишокот здрава и безбедна храна?
- Сметате дека вашата општина, град, Влада, Собрание треба да го спречат фрлањето?
ТОГАШ,
ВРЕМЕ Е ДА СТАНЕТЕ ЕДЕН ОД НАШИТЕ БАНКАРИ СО ХРАНА
II. К А К О
- Соберете свој тим од ученици, студенти, колеги, пријатели;
- Истражете го проблемот со фрлањето храна во земјата, во вашата градинка, училиште, факултет или соседство;
- Разговарајте за најдобрите начини да се спаси храната од фрлање;
- Прашајте, зошто храната во вашиот дом, градинка, училиште, кафетерија или омилен локал се фрла?
- Направете план, осмислете цели и започнете со вашата мала акција против фрлање храна;
- Разговарајте со сите оние кои треба да сопрат со фрлањето храна;
- Понудете им опции – што со вишокот храна?
- Покажете им како да бидат хумани – организирајте акции за собирање и редистрибуција на вишок храна до сиромашните;
- Осмислете ја својата креативна и инспиративна порака и ставете ја на хартија;
- Раскажете ни за вашата акција на не помалку од една страница А4 формат (word документ);
- Фотографирајте ги сите интересни моменти од вашата акција и тим;
- Испратете ни ги на contact@wsseffectmk.org или на Facebook страната.
II. Ш Т О П О Т О А
Чекајте да ве контактираме. Најинтересните и најкреативните идеи, пораки и приказни ќе се најдат во нашиот Готвач со најдобри идеи против фрлањето храна. Публикацијата во 500 копии ќе ја испратиме до градоначалниците, Владата, Собранието, амбасадите во земјата и најдобрите банкари со храна на Балканот и во Европа. Познавате и други кои треба да слушнат за вашата мала акција? Споделете.
III. П Р А В О Н А У Ч Е С Т В О
- градинки
- основни и средни училишта
- факултети
- ученици и студенти
- наставници/професори
IV. Р О К З А П Р И Ј А В У В А Њ Е
Четврток, 30. април 2020 година
***
Не заборавајте да оставите информации за контакт и информации за вашиот тим – градинка, училиште, факултет и сл.
За повеќе информации, како и за пријавување: stojne@wsseffectmk.org, 076-669-565 и Facebook.
Побрзајте.
Бидете првите и најдобрите.
Инспирирајте хуманост.
З А Е Д Н О П Р О Т И В Г Л А Д О Т И Ф Р Л А Њ Е Т О Х Р А Н А
—
Банка за храна МК е невладина хуманитарна организација која постои од 2011 година. До денес, организацијата има спроведено десетици акции за собирање на вишок храна и редистрибуирано стотици тони храна до најсиромашните граѓани во земјата. Од 2018. организацијата заедно со своите партнери, Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ – Словенечка Банка за храна и Европската федерација на Банки за храна го спроведуваат ВСС Ефект проектот, финансиран од Европската Унија. Со цел да го промовираат банкарството со храна и да создадат подобри услови за поуспешно банкарство со храна во земјата, организациите спроедуваат низа активности меѓу кои е и повикот за банкари со храна и спомената публикација. Публикацијата како и повикот треба да ги поттикнат младите, градинките, училиштата и факултетите да се приклучат во акцијата против фрлањето храна. Бидете и вие дел од семејството банкари со храна.