ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА УЧЕСТВО ВО КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА „ВСС ЕФЕКТ“ ПОВИКОТ ЗА РЕГРАНТИРАЊЕ

Тимот на ВСС Ефект проект финансиран од Европска унија преку ИПА програмата за граѓански организации и медиуми 2016-2017 ги кани сите заинтересирани граѓански организации со искуство во спроведување на процедури за доделување на грантови за граѓански организации да номинираат свои претставници како членови на Комисијата за евалуација на предлог-проекти.

Повикот се објавува со намера:

1. Да се обезбеди независна и непристрасна евалуација на проектните апликации и придружната документација кон истите и,

2. Да се изберат најдобрите предлог-проекти и граѓански организации кои, ќе придонесат кон унапредување на банкарството со храна на локални и/или регионално ниво.

Работата на Комисијата ќе започне по 15 март 2019 година со можност за пролонгирање на овој датум.

За повеќе информации обратете се на ВСС тимот: Стојне Тодоровска (076-669-565), Душко Христов (070-343-636) или испратете е-порака на bankazahranamk@gmail.com, contact@wsseffectmk.org.

Интегрален текст од Јавниот повик за учество во Комисијата за евалуација е достапен тука.

„ВСС Ефект“ е тригодишен проект финансиран од Европска унија и спроведуван од страна на Здружение „Храна за сите – Банка за храна МК“ и партнерите: Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ – Словенечка Банка за храна и Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА). Содржините објавени на веб страната се одговорност на Здружение „Храна за сите – Банка за храна МК“ и истите не ги одразуваат официјалните ставови на Европска унија.

Recent Posts

Leave a Comment

nineteen + 19 =

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt