КОЛКУ АПЛИКАНТИ ДА ПОДДРЖИМЕ? – КОНСУЛТАТИВНА СРЕДБА СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

На 7. јуни 2019 година (петок) – тимот на ВСС Ефект проект -финансиран од Европска унија- организирааше консултативна средба со организациите-апликанти на повикот за мал грант (објавен на 1. февруари 2019 година). Консултативната средба беше организирана со цел да се презентираат и дискутираат препораките на тричлената комисија од евалуатори, кои во текот на април 2019 година ги оценија и соодветно ги рангираа десетте апликации, кои пристигнаа до канцеларијата на WSS Effect – Банка за храна МК. На состанокот присуствуваа 23 претставници на граѓанските организации, инаку членки на неформалната Коалиција за борба против гладот и фрлањето храна (КПГ). За време на средбата, организациите ја дискутираа можноста да бидат поддржани сите 10 предлог-акции доколку организациите направат соодветни корекции, дополнувања и измени во буџетот и наративот од апликацијата. Рокот за поднесување на корегираните документи е 13. јуни 2019 година (до крајот на денот). Одлуката за финансирање ќе биде донесена не подоцна од 17. јуни 2019 година.

Листата на организации кои аплицираа на повикот, и кои се дел од КПГ:

1. Организација за одржлив развој (КОР) и Ромски центар Романистан, Скопје
2. Еурохуман Интернационал, Скопје
3. ЗГ „Љубезност“ и Новинари за човекови права, Скопје
4. „House of Hope” и Фондација за локален развој и демократија (ФОКУС), Велес
5. Еднакви за сите, Кочани и КХАМ, Делчево
6. МИДС и Глобал, Битола
7. Младинска алијанса Тетово и ДРИТА АГВ Гостивар
8. Еко живот Кавадарци
9. ГИЗ Свети Николе и Национален Рома центар Куманово
10. Бирлик Јекипе Велес и Златно перо Битола

ВСС Ефект проект е тригодишна кампања и акција против фрлање храна и за донирање на вишок храна. Проектот е финансиран од Европска унија преку ИПА програмата за граѓански организации и медиуми 2016-2017. Проектот го имплементираат Банка за храна МК, Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ – Словенечка Банка за храна и Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА).

Recent Posts

Leave a Comment

one + 6 =

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt