ИЗБРАНИ ТРОЈЦА МЕНТОРИ ЗА WSS ГРАНТИСТИТЕ

На 25.09.2019 година, Здружение „Храна за сите – Банка за храна МК“ (БХМК) донесе одлука за ангажирање на тројца ментори за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, инаку, грантисти на ВСС Ефект проектот, финансиран од Европска унија. Така,

  1. За ментор за стратешко планирање, БХМК (носител на ВСС Ефект проектот) го избра ЗОРАН СТОЈКОВСКИ.
  2. За ментор за комуникации и видливост, БХМК го избра БОРИС РИСТОВСКИ и,
  3. За ментор за социјална ревизија и мониторинг во зедницата, БХМК ги избра Дарко Антиќ и БОРЈАН ПАВЛОВСКИ.

Јавниот повик за пријавување на ментори за унапредување на капацитетите на организациите беше објавен на 26.08.2019 година на веб и фејсбук страницата на проектот: www.wsseffectmk.org и www.facebook.com/wsseffectmk. Дополнително, повикот беше споделен преку маилинг листата на Граѓански ресурсен центар.
На повикот, за првите две позиции (стратешко планирање и комуникации), пријавени беа по четворица кандидати. додека за позицијата под реден број три (социјална ревизија и мониторинг), единстени пријавени беа Дарко Антиќ и Бројан Павловски. Одлуката за избор на тројцата ментори беше донесена по спроведените интервјуа на 18. и 19. септември 2019 година, при што, во предвид беа земени критериумите поставени во огласот, вклучително и предлог-програмата/методологија за предвидениот 4-дневниот ангажман и сл.
Менторите ќе имаат за задача да им помогнат на грантистите на ВСС Ефект проектот, успешно да ги реализираат своите мали акции за унапредување и промоција на банкарството со храна на локално и/или регионално ниво.

Recent Posts

Leave a Comment

1 × four =

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt